„ГРАЃАНИТЕ“ ЈА ЗАВРШИЈА РАБОТАТА НА „ЕМИРЕЈТС“ ЗА 18 МИНУТИ

Го прегазија и времето и Манчестер Сити... Професоре, време е за пензија

Ова веќе не личи на играта креирана од Арсен Венгер...

објавено: 1 март 2018 - 22:50

Зошто Манчестер Сити е лидер во Премиер Лигата и скоро извесно ќе ја освои доказ плус „граѓаните" дадоа на „Емирејтс" стадионот во Лондон.
Едно полувреме им беше доволно на момците на Пеп Гвардиола да ја уништат поставката на славниот Арсен Венгер. Да дојдат до три гола за „пола саат игра" и да победат како најчесто го прават тоа во текот на оваа сезона, за нив многу извесно – шампионска.

Начинот на кој „лесната коњица" за само 18.минути го масакрираше немоќниот Арсенал, доволно говори дека таму се потребни промени и тоа прво тренерски...

Од 15. до 33. минута погодуваше трилингот „С“, Бернардо, па Давид Силва, а на крaјот и Сане за „чисти“ (3:0), и најдобра порака за времешниот Французин дека е доста, да почне да размислува за пензионерските денови, а фудбалот да им го остави на наследниците, како на пример на Пеп Гвардиола.

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал