Почна екстра ефикасно

Гол фестивалот во Премиерлигата продолжи , Ватфорд - Ливерпул 3:3

Моќно, со 13 погодоци на два натпревари почна новото издание на Премиерлигата. По вчерашните 4:3 на мечот Арсенал и Лестер, денеска во вториот меч Ватфорд и Ливерпул одиграа нерешено, 3:3

објавено: 12 август 2017 - 15:29

Моќно, со 13 погодоци на два натпревари почна новото издание на Премиерлигата. По вчерашните 4:3 на мечот Арсенал и Лестер, денеска во вториот меч Ватфорд и Ливерпул одиграа нерешено, 3:3.

Како и вчера така и денеска имаше многу пресврти, а на крајот двете екипи освоија по еден бод.

Ватфорд двапати водеше со 1:0 и 2:1, а Ливерпул беше поблиску до победата. Гостите направија пресврт со головите на Мане, Фирмино и на Салах, но Бритос во драматичен финиш со погодок во 94. минута израмни на 3:3, за голем бод за Ватфорд.

 

Најново во Меѓународен Фудбал