ПРВ ТРОФЕЈ ЗА ПЕП ГВАРДИОЛА НА БРИТАНСКО ТЛО

„Граѓаните" го земаа Лига купот во Англија

Лидерот во Премиер лигата без особени проблеми, со убедливи (3:0) го победи Арсенал...

објавено: 25 февруари 2018 - 20:02

„Сините“ од Манчестер дојдоа во водство уште во 18. минута, кога погоди Кун Агуеро, и тоа во акцијата во која имаше само две додавања. Голманот Браво дегажирае, а Агуеро ја искористи грешката на Мустафи, и со еден потег го совлада Оспина.

Во продолжението Манчестер Сити делуваше уште поубедливо. Па со головите на Компани во 58, и на Силва седум минути подоцна, ја потврдија победата и првиот трофеј во сезоната.

Петти за „граѓаните" во нивната историја, а трет во последните пет сезони. Досега овој пехар го освојувааа во 1970, 1976, 2014, 2016 година... Воедно, ова е прв трофеј за Сити откако го води Пеп Гвардиола.
Арсенал пак остана на два трофеи во ова лига-натпреварување (1987 и 1993 година).

Најново во Меѓународен Фудбал