Сензација во ФА купот

Григ го нокаутира Манчестер сити, Виган ќе го врти шестиот круг во ФА купот

Најдобриот стрелец во ФА купот на Англија, Вил Григ го нокаутира најсилниот тим на Островот, Манчестер сити и му донесе феноменална победа на Виган

објавено: 19 февруари 2018 - 22:55

Најдобриот стрелец во ФА купот на Англија, Вил Григ го нокаутира најсилниот тим на Островот, Манчестер сити и му донесе феноменална победа на Виган.

Клубот од Втората англиска лига ќе го врти и шестиот круг во ФА купот, а Сити е елиминиран и нема шанси за трофејот. Григ погоди во 79. минута, доволно за триумф на Виган од 1:0 и пат во четвртфиналето на националниот куп.

Работата на домаќините им ја олесни Делф, кој беше исклучен во финишот на првото полувреме, па популарните граѓани играа цело второ полувреме со 10 фудбалери и не успеаја да го елиминираат аутсајдерот.

Најново во Меѓународен Фудбал