Репрезентативецот на Англија се врати на Островот

Харт ги мина медицинските прегледи во Вест Хем, остана само потпис на договорот

Англискиот репрезентативен голман, Џо Харт се враќа на Островот и ќе брани за Вест Хем

објавено: 17 јули 2017 - 22:48

Англискиот репрезентативен голман, Џо Харт се враќа на Островот и ќе брани за Вест Хем и повторно ќе го има статусот на позајмен фудбалер.

Харт се договори со раководството на „чеканите“ од Лондон, ја прифати нивната понуда и ги мина медицинските тестови, што значи ќе брани идната сезона во Премиерлигата. Ланската сезона репрезентативецот на Англија ја мина во Торино, но како позајмен играч од Манчестер сити. И во Вест Хем ќе ја има истата судбина, бидејќи договорот со Сити му истекува во 2019 година.

Најново во Меѓународен Фудбал