МАНЧЕСТЕР СИТИ ОБЈАВИ ДЕКА НЕ Е ПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА

Хендикеп за Гвардиола: Три месеци без Кевин Де Брујн!

Манчестер Сити потврди денеска дека белгискиот репрезентативец ќе отсуствува од терените поради повреда на лигаментите на коленото.

објавено: 17 август 2018 - 21:10

Премиерлигашкиот шампион и официјално објави дека Кевин Де Брујн ќе паузира најмалку три месеци.

Белгиецот доживеа повреда на еден тренинг, првите прогнози говореа дека овој фудбалер ќе мора да оди на операција, но за негова среќа не е неопходна.

Така, граѓаните во наредните три месеци ќе играат без еден од своите најдобри играчи, но од друга страна сигурно шпанскиот менаџер ќе има идеја да го пополни празното место.

Најново во Меѓународен Фудбал