НА Швеѓанецот МУ Е УБАВО НА „ОЛД ТРАФОРД“

Ибрахимовиќ ќе остане во Јунајтед, но под еден услов!

Златан Ибрахимовиќ откри би сакал да остане уште една сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, но под други услови. 

објавено: 19 март 2017 - 18:00

Златан Ибрахимовиќ не крие дека би сакал да остане уште една сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, но под други услови. И покрај тоа што Швеѓанецот ја отвори вратата за останатите клубови, како Галакси, сепак има желба да го продолжи договорот со тимот од „Олд Трафорд", но под други услови.

„Сан" пишува дека Ибрахимовиќ би останал во Јунајтед, но за поголема плата. Тој во моментов заработува 220.000 фунти неделно, а за потпис на нов договор ќе бара плус 40.000 фунти. Засега најплатени во Јунајтед се Вејн Руни и Пол Погба, двајцата заработуваат 300.000 фунти неделно.

„Ќе остане во Манчестер и тоа најмлаку година дена. Негова цел не е да ја освои Лигата на шампиони, туку Премиерлигата со што ќе постане еден од ретките фудбалери кои се закитил со титула во четирите од пет најдобри првенство во севтот", пишуват и шведските медиуми.

Ибрахимовиќ се покажа како вистинско засилување, во Премиерлигата до сега има 15 погодоци.

Најново во Меѓународен Фудбал