КАКО НЕКОИ ФУДБАЛЕРИ ЈА СЛАВЕА „ПРЕДВРЕМЕНАТА“ ТИТУЛА

ИГРАЧИТЕ И НАВИВАЧИТЕ КАКО ВИСТИНСКИ „ГРАЃАНИ“ НА МАНЧЕСТЕР: Сите во паб! (ВИДЕО)

Не успеаја минатата седмица во градското дерби со Манчестер Јунајтед да ја заверат титулата во Премиер лигата. Но седум дена подоцна, сепак, повторно по „заслуга" на својот градски конкурент, и официјално станаа прваци на Англија.

објавено: 17 април 2018 - 08:00

Не успеаја минатата седмица во градското дерби со Манчестер Јунајтед да ја заверат титулата во Премиерлигата. Но седум дена подоцна, сепак, повторно по „заслуга" на својот градски конкурент, и официјално станаа прваци на Англија.

Фудбалерите на Манчестер Сити не ја губеа надежта дека „црвените ѓаволи" ќе кикснат во дуелот со ВБА, и во едне локален манчестерски паб го чекаа исходот на натпреварот.
И тоа во друштво на навивачите на клубот од „Итихад“!


Компани, Стоунс, Вокер, Бернардо Силва, Делф и уште некои други се собраа во пабот Алтринчем, и со своите фанови чекаа Јунајтед да не победи против слабиот ривал.
А кога го дочекаа моментот, журката почна.


Како капитен на новиот шампион, Винсент Компани одржа и свечен говор, додека останатите го запеаја култниот навивачки хит „Кол-Јаја Туре"...
Сепак не сите „граѓани" од Манчестер ја чекаа титулата на таков навивачки начин. На пример во тоа време Пеп Гвардиола играше голф, без намера да и се приклучи на екипата, додека пак Лерој Сане и Илкај Гундоган присуствуваа на дербито на своите поранешни клубови, Шалке и Борусија од Дортмунд, кое се играше во Гелзенкирхен.

 

Најново во Меѓународен Фудбал