„БИГ СЕМ" САКА ГОЛЕМ ГОЛГЕТЕР

ИМА КОЈ ГО САКА: Евертон ќе даде 70.милиони евра за Обамејанг (ВИДЕО)

Оваа година заби 19. пати во противничките мрежи. Од нив дури три на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите. Но за негова жал, тоа не го поврзува со „кралскиот клуб" ниту пак со Милан, големците кои го посакуваа во изминатиот период.

објавено: 8 декември 2017 - 15:15

Пјер Емерик Обамејанг дојде во Борусија од Дортмунд во во летото 2013 година од Сент Етјен. И тоа за сума до 13.милиони евра. А четири години подоцна и 139 дадени голови, сега 28. годишниот фудбалер вреди најмалку пет пати повеќе.
Посебно што медиумите во Англија напишаа дека за неполн месец ќе се пресели на Островот.
И тоа во екипата на Евертон, која е подготвена за инвестиција тешка 70.милиони евра.
Јасно и поради што ако се знае дека „карамелите" се едно од оние екипи од „средна класа" во Англија кои вложија и над очекувањата, а се под нив кога станува збор за оној резултатски дел.
Па пребогатиот сопственик на клубот, Фархад Мошири (тежок околу 2.5.милијарди евра), е се чини доволно способен да го одработи овој трансфер во јануарскиот преоден рок.

Обамејанг сака да продолжи во Англија, но извесно, во клуб кој настапува во Лига на Шампионите, а Евертон тоа не може да му го понуди во текот на оваа зима. Но затоа пак може да му пружи можност да игра во најатрактивната лига на светот.
„Карамелите" собраа доста пари со продажбата на Ромело Лукаку (80.милиони евра, но доста од нив потрошија за играчи од средниот ред (Руни, Класен, Сигурдсон), но не најдоа замена за оној кој го ослободија – исклучителен напаѓач способен да даде повеќе од 20 голови по сезона.
А Обамејанг е токму тоа, за плус 29, брзина, ефикасност...

„Сакам следното засилување на Евертон" да биде порака за наите мамери и амбиции. Новиот играч кој ќе го донесеме во клубот ќе биде според вкусот на Сем Алардајс"- потврди тимскиот менаџер на Евертон, клуб кој со сите сили се труди да влезе во оние ТОП 5 од Премиер лигата.
А Биг Сем не крие дека тоа е Пјер-Емерик Обамејанг.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал