НА ПОВИДОК ГОЛЕМА РАЗМЕНА

Јунајтед решен да го земе Кавани, во замена го нуди Ди Марија

Холндскиот менаџер Луј Ван Гал, кормиларот на Манчестер јунајтед по секоја цена сака да го види во својот тим уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани, но сооглед дека тешко може да го убеди ПСЖ за да го купи, предводникот на „црвените ѓаволи" понудил интересна размана – Анхел Ди Марија за Кавани!

објавено: 28 јуни 2015 - 12:41

Англискиот таблоид „Сандеј Стар“ објави дека на повидок е голема размена на релација Манчестер јунајтед – Пари Сен Жермен, а сооглед дека цената на двајцата јужноамериканци е релативно иста, многу и веројатно е дека може да се случи.

Кавани од поодамна не е најзадоволен на „Паркот на принцовите“ и веќе неколкупати истакнуваше дека сака да игра во Премиерлигата, а истото важи и за најскапиот фудбалер на Островот, Ди Марија, кој пред два дена изјави дека не е среќен што е резерва на „Олд Трафорд“. Плсу е фактот што ПСЖ беше на чекор да го ангажира, но финансискиот фер-плеј го спречи трансферот од Реал Мадрид, па аргентинското крило заврши во најтрофејниот англиски клуб.

Дека размената е на повидок е и фактот што Јунајтед не сака да го продаде Ди Марија на ривали како Барселона или Баерн Минхен.

 

Најново во Меѓународен Фудбал