ГО ЧЕКА ТЕШКА ЗАДАЧА ВО ЛШ

Јунајтед со ултиматум, Мурињо во невозможна мисија

Манчестер Јунајтед и натаму му верува на Жозе Мурињо, а Лигата на шампионите е единствениот спас за португалскиот стручњак.

 

објавено: 13 ноември 2018 - 23:15

Челниците на клубот не побарале од Жозе Мурињо да ја освои Лигата на шампионите, што би било премногу за оваа екипа. Португалскиот стручњак за да остане во редовите на премиерлигашот ќе мора и следната сезона да избори пласман во ова натпреварување.

Според досегашните игри, Јунатед е далеку од тим кој би можел да осигура една од првите четири позиции, па пласманот во ЛШ нема да биде ни малку лесна задача за Мурињо.

Повеќе од јасно е дека битката за титулата е загубена, прашањето кое се поставува е дали „црвените ѓаволи“ би можеле да избегнат трагедија, односно да не завршат на едно од првите четири места.

Според „Сан“ Мурињо го чека отказно решение доколку не го исполни барањето на првите луѓе во клубот, а како негов наследник се споменува менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

 

Најново во Меѓународен Фудбал