СЛАВНИТЕ ФАЦИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА СЕ НОВ ТРЕНЕРСКИ ТАНДЕМ

КАКОВ ДОГОВОР: Анри и Тери ја превземаат Астон Вила!

Славниот премиерлигашки тандем ќе седне на клупата на паднатиот великан од Бирмингем.

објавено: 7 октомври 2018 - 18:20

Очајната форма во Чемпионшипот, и резултатската криза го чинеа губење на работното место на Стив Брус кој доби отказ на клупата на Астон Вила минатата недела. Уште тогаш почна да се погодува ека негов наследник на тоа место ќе биде помошниот тренер во белгиската репрезентација, Тјери Анри, кој би добил единствена прилика да доплива до првата самостојна тренерска работа.

Навистина минатите денови како кандидат се споменуваше и името на Дин Смит, творецот на изненадувањето Брентфорд, кој освен тоа е и голем навивач на Астон Вила. Но најверојатно е дека работата ќе му припадне на славниот Французин, според ексклузивата која ја објави „Дејли Мејл".

Она што беше непознато е дека Анри ќе има еден доста интересен помошник Станува збор за поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери, кому ова лето му истекна договорот токму со Астон Вила, а после солидната сезона која ја имаше лани како играч на екипата од Бирмингем.
Од тој момент Тери е без ангажман иако се споменуваше можноста за негов премин во Спартак од Москва или Спортинг од Лисабон, Меѓутоа Тери делува дека повеќе не сака да игра фудбал, туку многу повеќе да влезе во оние тренерски води.
Се чини и дека не постои подобар начин да почне како асистент на уште една играчка легенда во Премиер лигата каква што несомнено беше Тјери Анри.
Впрочем и Анри собираше тренерско искуство во изминатите две години како помошник на Роберто Мартинез во селекцијата која беше едно од најпријатните изненадување на Мундијалот во Русија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал