ЕДЕН ГОЛ БЕШЕ ДОВОЛЕН ПРОТИВ ЈУНАЈТЕД НА СТЕМФОРД БРИЏ

Канте ги прати Челси во ФА-куп полуфинале

Челси повторно ги победи Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо , овојпат со играч помалку и со минимални 1:0, но сосема доволни за пласман во полуфиналето на ФА-купот, најстарото клупско натпреварување

објавено: 13 март 2017 - 22:38

Јунајтед поголем дел од натпреварот го играше со 10 играчи откако Андер Ерера доби втор жолт картон во 35-тата минута, така што иницијативата беше на страната на „Сините“.  Ерера двапати го фаулираше Еден Азар.

Сепак, тие само еднаш успеаја да го совладаат Давид де Хеа, откако Канте со одличен удар надвор од шестнаесетникот го постигна победничкиот гол во 51. минута.

Ова е само втор гол за Челси за францускиот репрезентативец Н’Голо Канте, откако и првиот го постигна против Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо повторно е поразен од својот поранешен тим, а страстите повторно беа на високо ниво кога за малку ќе влезеше во конфликт со Антонио Конте, па судијата мораше да ги смирува двајцата.

Челси во полуфиналето им се приклучува на Тотенхем, Манчестер сити и Арсенал.

ЧЕЛСИ - МАНЧЕСТЕР Ј. 1:0

Канте 51’

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал