ДАЛИ ЌЕ ЈА ОДБИЕ ПОНУДАТА

Кинезите ќе го „позлатат“ Бенитез

Два тима од Кина се интересираат за ангажирање на шпанскиот стратег

објавено: 27 февруари 2017 - 14:35

Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез е пред голема дилема дали да остане во англискиот тим или да си замине. Причина за тоа е понудите кои стигнуваат на адреса на шпанскиот стратег, а се однесува за заминување во Кина.

Според најавите, на Бенитез му се нуди неверојатна плата од 600.000 фунти неделно. Доколку тоа се случи, Шпанецот ќе стане најскапоплатен тренер во историјата на фудбалот. Сега овој примат го има некогашниот стратег на Челзи и Тотенхем, Андре Вилјаш-Боаш. Тој во моментов добива 11 милиони фунти по сезона, во тимот на Шангај СИПГ.

Њукасл со Бенитез на чело е лидер во Премиершип во Англија и со големи шанси да се избори за пласман во Премиерлигата.   

Најново во Меѓународен Фудбал