ПРЕОДНИОТ РОК ЗАПОЧНА

Кинезите во напад: Во Челзи стигна понуда од 90 милиони евра

објавено: 2 јануари 2017 - 10:30

Со почетокот на новата година започнува и зимскиот преоден рок. Според најавите и предвидувањата, Кинезите треба да го имаат главниот збор во трансфер периодот. За прв пат може да се случи најмногу пари во еден преоден рок да се потрошат надвор од Европа. 

Првиот ден од преодниот рок веќе донесе „здрмувања“ во светски рамки. Кинезите сакаат да го купат напаѓачот на Челзи, Диего Коста. Екипата на Тијанџин Кванџин е подготвена да го купат шпанскиот репрезентативец од „Енфилд Роуд“.

На клупата на екипата на Тијанџин Кванџин е легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро. Првично беше понудена сума од 60 милиони евра, а Челзи без размислување на одби оваа сума. Сепак сега станува збор за многу поголема сума.

Роман Абрамович кој важи за еден од финансиски најсилните сопственици во светот, сега е пред тешка дилема. Дали да прифати 90 милиони евра за Коста, кој сезонава игра на одлично ниво. Бразилецот со шпански пасош е прв стрелец во Премиерлигата со 14 погодоци досега.

Коста во Челзи дојде во 2014 година и тоа за сума од 40 милиони евра од тимот на Атлетико Мадрид. Кинеските екипи ке се фокусирани само на Коста, На листата на многуте кинески клубови се уште голем број на европски ѕвезди, кои ќе имаат шанса во јануари да прифатат или да одбијат да заминат во Кина. 

Најново во Меѓународен Фудбал