ДОКОЛКУ ШПАНЕЦОТ СИ ЗАМИНЕ ОД „ОЛД ТРАФОРД“

Ќе оди ли Де Геа во Реал? Манчестер му најде заменик

објавено: 30 март 2017 - 09:47

Манчестер Јунајтед покажал сериозен интерес за доведување на голманот на Интер, Самир Хандановиќ. Според најавите, Хандановиќ треба да биде наследник на Давид де Геа, кој многу веројатно дека ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната. 

Веќе две години, Де Геа е на мета на Реал Мадрид. Шпанскиот гигант се обидува да го доведе репрезентативниот чувар на „црвената фурија“, а се верува дека конечно тоа ќе се случи ова лето. 

Манчестер нема намера да се откаже од актуелниот чувар на голот, но девојката на Де Геа, настојува да се вратат во Шпанија. Затоа во Манчестер веќе започнале контакти со 32-годишниот Хандановиќ, кој има желба да дебитира во Лигата на шампионите, но со Интер некако тоа му оди неуспешно. Затоа Словенецот и побара да си замине од „Џузепе Меаца“, што е позитивна вест за најтрофејниот англиски клуб. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал