Велшкиот тим кој игра во Премиер лигата најде нов тренер

Клемент ќе го спасува Свонси

Премиерлигашот кој грчевито се бори за опстанок спасот го гледа во довчерашниот помошник на Анчелоти во Баерн Минхен

објавено: 3 јануари 2017 - 21:30

Пол Клемент е назначен за нов тренер на Премиерлигашот Свонси. Велшкиот тим кој игра во најсилната англиска лига, грчевито се бори за опстанок, а спасот го гледа во англискиот стратег кој претходно работеше како помошник на Карло Анчелоти во Баерн Минхен.

Ова е трет тренер за Свонси во текот на оваа сезона, а Клемент доаѓа на местото на Американецот Боб Бредли.

Токму со доаѓањето на Бредли, односно купувањето на американскиот конзорциум, почна и „тоњето" на тимот. Најпрвин Франческо Гвидолин беше избркан поради необјасниви причини откако минатата сезона успеа да го спаси тимот.

Новите газди очигледно имаат поинакви планови, кои засега остануваат необјасниви.

Свонси во моментов се наоѓа на претпоследното место во Премиерлигата со 13 бодови, а во наредната рунда ќе има тежок меч против Арсенал.

Најново во Меѓународен Фудбал