ДАЛИ Е ПРИВИЛЕГИРАН ГЕРМАНСКИОТ СТРАТЕГ?

Клоп е со полоши резултати од Роџерс, но Ливерпул не мисли да го „шутне“

„Црвените“ се очајни и сезонава. На последниот меч загубија со 4:1 од Тотенхем

објавено: 23 октомври 2017 - 14:20

Ливерпул најверојатно ќе им приреди уште една разочарувачка сезона на своите навивачи во Премиерлигата. По девет одиграни мечеви во првенството, „црвените“ се на деветото место со дури 12 бодови помалку од лидерот Манчестер сити. 

Во последниот меч, Ливерпул убедливо со 4:1 загуби од Тотенхем за ново разочарување. Според резултативе во последните 10 меча во сите натпреварувања, Ливерпул има само две победи. Интересно е што претходниот на Клоп на клупата на Ливерпул, Брендон Роџерс беше избркан поради лошите резултати, односно само две победи во девет средби. 

За разлика од Роџерс, Клоп нема никаков притисок од челниците на клубот и воопшто не се зборува за негова смена, иако неговиот претходник беше сменет, а имаше подобри резултати.

„Цел меч и резултатот беше наша грешка. Направивме се само да им ја олесниме работата на играчите на Тотенхем. Се им ставивме на послужавник“, рече Клоп, по поразот од Тотенхем, без да помисли дека може да добие отказ. 

Најново во Меѓународен Фудбал