ВИСТИНСКИ КУРИОЗИТЕТ

Кога Милнер погодува, неговиот тим не губи, и се така 16 години по ред...

Како професионалец во Премиер лигата, Џејмс Милнер игра веќе 16 години... И има еден необичен рекод. Неговиот тим никогаш не губи кога тој ќе постигне гол...

објавено: 21 август 2018 - 17:00

Од 2002 година кога заигра за првиот тим на Лидс, па преку Њукасл, Астон Вила и манчестер Сити до ливерпул, Џејмс милнер постигна 49. голови. Погодуваше на 48. мечеви, и ниту еден од тие дуели на кој ја затресе мрежата на противничкиот голман, неговиот тим не доживеал пораз.

Тоа е и најдолгиот низ од овој вид со кој еден играч може да се пофали во историјата на Премиер лигата.

Исто така, со погодокот од белата точка во мечот од второто коло во кое Ливерпул го победи Кристал Палас, Милнер го постигна и својот 17. погодок од 19. казнени обиди (13 од 15 во Премиер лигата). Од нив девет од десет во црвениот дрес на Луверпул.
Последните девет голови кои ги постигна за Редс, Милнер ги реализираше токму на овој начин

Најново во Меѓународен Фудбал