Премиерлигашот сака јужноамериканско засилување

Конте и Видал повторно во ист тим

Италијанскиот стратег сака дополнително да ги засили своите редови, а како идеален играч на средината од теренот го гледа Чилеанецот со кого соработуваше во Јувентус

објавено: 21 декември 2016 - 13:10

Тренерот на Челзи, Антонио Конте посакува да ја засилин средината на теренот во јануарскиот преоден рок. Идеална опција за Италијанецот е Артуро Видал од Баерн Минхен, фудбалер со кого соработуваше уште од времето во Јувентус. „Сините" од Лондон се подготвени да платат некаде околу 30 милиони евра на Баварците.
Еден од најдобрите чилеански фудбалери не е задоволен со својот статус во минхенскиот тим, бидејќи стратегот Анчелоти повеќе шанса им дава на младите фудбалери Ренато Санчез и Џошуа Кимих.
Конте и Видал беа четири години заедно во Јувентус, а за тој временски период беа освоени исто толку титули во Серија А лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал