НАПАЃАЧОТ ОСТАНУВА НА „СТЕМФОРД БРИЏ“

Коста добива нов петгодишен договор вреден 57 милиони фунти

Шпанскиот репрезентативец со овој потег ќе ги демантира сите најави околу негово заминување во Кина

објавено: 15 февруари 2017 - 16:43

Диего Коста останува верен на Челзи. Според најавите, голгетерот во скоро време ќе потпише нов петгодишен договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“. Двете страни веќе ги договориле деталите околу договорот, кој треба да биде потпишан на пет години.

Коста ќе биде најскапоплатен фудбалер кај лондончани. Тој ќе добива по 220.000 фунти неделно. Вкупната сума за пет години ќе достигне 57 милиони фунти, додека со бонусите, може да нарасне до неверојатни 65 милиони фунти. 

Моменто најскапоплатен фудбалер во Челзи е Сеск Фабрегас. Коста со новиот договор ќе биде меѓу петте најскапи играчи во Премиерлигата. 

Најново во Меѓународен Фудбал