Нова смена на тренер во Премиерлигата

Куман доби отказ во Евeртон

Роналд Куман ја заврши соработката со Евертон и доби отказ, по тешкиот пораз од Арсенал на домашен терен со 2:5

објавено: 23 октомври 2017 - 16:09

Роналд Куман ја заврши соработката со Евертон и доби отказ, по тешкиот пораз од Арсенал на домашен терен со 2:5.

Раководството на „карамелите“ на својата клупска интернет страница објави дека го раскинува договорот со холандскиот стручњак и ќе бара ново решение.

Куман беше тренер на Евертон 16 месеци, а замена веројатно ќе му биде Дејвид Мојс, кој ги постигна најголемите успеси во кариерата токму во Евертон.

Најново во Меѓународен Фудбал