Добар абер за Челзи

Курт Зума одигра едно полувреме по 9 месеци пауза

Талентираниот играч од одбраната на Челзи, Курт Зума по долга пауза од 9 месеци конечно се врати на фудбалските терени и одигра 45 минути за вториот тим на сините од „Стемфорд Бриџ“

објавено: 25 октомври 2016 - 10:01

Талентираниот играч од одбраната на Челзи, Курт Зума по долга пауза од 9 месеци конечно се врати на фудбалските терени и одигра 45 минути за вториот тим на сините од „Стемфорд Бриџ".

Зума играше вчера за екипата на Челзи за играчи до 23 години против Дерби, а според планот за рехабилитација беше на теренот само првите 45 минути. 

Еден од најталентираните фудбалери на Островот во февруари заработи повреда на лигаментите на коленото, поради која го пропушти и Европското првенство. Зума има 21 година и ќе биде засилување за Челзи во продолжението од сезоната.

Најново во Меѓународен Фудбал