Напаѓачот на Лион заминува по крајот на сезоната

Лаказет од следната сезона во Ливерпул

Според информациите до кои дојде француското радио „РМФ", напаѓачот на Лион летово ќе се пресели на Енфилд, додека неговиот сегашен клуб ќе инкасира 50 милиони евра

објавено: 21 април 2017 - 10:00

Александар Лаказет ќе биде една од многуте трансфер ѕвезди летово. Напаѓачот на Лион кој игра во одлична форма според француското радио „РМФ" ќе се пресели во Ливерпул. Тимот од Енфилд е најблиску до ангажманот на Лаказет, а информациите одат до таму потенцирајќи дека Премиерлигашот ќе „искешира" 50 милиони евра за овој играч.

Но, единствено проблем може да претставува заинтересираностана Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид кои исто така го сакаат напаѓачот во своите редови.

Лаказет игра навистина одлично во Лион. Сезонава има постигнато 29 погодоци, додека на вкупно 80 настапи за францускиот тим, противничката мрежа за јатресол дури 62 пати.

Најново во Меѓународен Фудбал