ДЕЛ ОД ФАВОРИТИТЕ ПАДНАА

Лестер го растури Арсенал, Хадерсфилд му зеде бод на Челзи и го остави без Лига на шампиони? (ВИДЕО)

Лестер на домашен терен го совлада Арсенал со 3:1, Челзи на домашен терен одигра без победник со аутсајдерот Хадерсфилд (1-1). 

објавено: 9 мај 2018 - 22:58

Дел од фавортите во рамките на претпоследното 37. коло во Премиер-лигата ја оправдаа улогата, дел изненадувачки паднаа. 

Челзи изненадувачки пред својата публика одигра нерешено со аутсајдерот Хадерсфилд. Гостите преку Лорен Депоитр поведоа со 1-0 во 50. минута, Алонсо 12. минути подоцна ги постави конечните 1:1. По оваа средба „сините“ го ставија под знак прашалник своето место во Лигата на шампионите. Тие се на петото место на табелата со 70 бода, два помалку од Ливерпул. Доколку сакаат да се најдат во елитното натпреварување ќе мора да го совладаат Њукасл, а притоа да се надеваат на кикс на „црвените“.

Лестер на домашен терен лесно го реши Арсенал совладувајќи го со 3:1. До важна победа дојде Тотенхем, беше подобар од Њукасл со 1:0 и се искачи на третото место на табелата. Во последното коло влегува со два бода предност во однос на Ливерпул.

Рутински триумф забележа Манчестер Сити, на домашен терен го совлада Брајтон со 3-1.

Најново во Меѓународен Фудбал