АНГЛИСКИОТ ТИМ САКА ДА РУШИ РЕКОРДИ

Ливерпул би дале 60 милиони фунти за Обамејанг

Ливерпул се подготвени да го срушат сопствениот рекорд за трансфери со неверојатна понуда од 61 милиони фунти за Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд

објавено: 18 јуни 2017 - 20:30

Според францускиот весник „Ла парисиен“, сопствениците на Ливерпул, „Фенвеј спортс групацијата“ е подготвена да го финансира мега-трансферот за напаѓачот од Габон, кој лани беше најдобар стрелец во Бундеслигата со 31 голови.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп останува голем „фан“ на играта на Обамејанг, откако освои два германски супер-купа со напаѓачот. Се верува дека и ПСЖ и Манчестер јунајтед се заинтересирани за напаѓачот.

Најново во Меѓународен Фудбал