СПОРЕД ВЕЧНАТА ЛИСТА НА ОСВОЕНИ БОДОВИ ВО АНГЛИЈА

Ливерпул е најуспешен тим во Англија, Манчестер Ј. го нема ни во Топ 3

Во последните 130 години, вкупно 5.486 поени има овоено гигантот од „Енфилд Роуд“

објавено: 14 февруари 2017 - 12:15

Манчестер Јунајтед стана првиот тим кој освои 2.000 поени во англиската Премиерлига и е убедливо најдобар клуб. Ниту еден друг тим нема стигнато ни до 1.800 бодови во натпреварувањето кое е од 1992 година. Сепак според направените пресметки освоените бодови од 1888 година до денес, Манчестер не е ниту најуспешните три клуба според вкупниот број на бодови. Тој примат му припаѓа на Ливерпул.

Ливерпул има 18 титули, додека Манчестер е рекордер со 20 трофеи. Сепак според освоените бодови во последните 130 години, гигантот од „Енфилд Роуд" е со најмногу освоени поени. Во овој период, Ливерпул има одиграно вкупно 4.045 средби во елитната англиска лига. Се радувал на 1.877 победи, 1.009 меча биле нерешено, а има и 1.156 порази. Гол разлика е 6671 дадени и 4930 примени погодоци. Вкупно имаат освоено 5.486 поени.

Зад Ливерпул, следува Арсенал. „Топчиите" имаат одиграно ист број на мечеви, а се со биланс од 1.838 побди, 1.043 нерешени и 1.164 порази, а гол разлика 6.695-5072. Вкупно Арсенал има освоено 5.448 бодови. Евертон е тимот со најмногу мечеви во најсилното англиско првенство. Вториот тим од Ливерпул има вкупно 4.429 средби, во кои има 1.803 победи, 1.114 нерешени и 1.512 порази. Вкупно има освоено 5.270 поени.

Манчестер Јунајтед е дури на четвртото место на оваа листа. „Црвените ѓаволи" имаат одиграно 3.689 мечеви, во кои има 1.761 победи, 907 реми и 1.021 порази. Гол разликата е 6.363-4.714 и вкупно освоени 5.253 поени. Зад Јунајтед следуваат Астон Вила (4.712 поени), Челзи (4.133), Тотенхем (4.094), Манчестер сити (4.037), Њукасл (3.834) и Сандерленд (3.500 поени).

Најново во Меѓународен Фудбал