Нови проблеми за Клоп во финишот на годината

Ливерпул останува без Џо Гомез во наредните 6 недели

Повредата на скочниот зглоб е сериозна и Гомез ќе мора да оди на пауза се до стартот на новата година.

објавено: 6 декември 2018 - 21:15

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, ќе биде надвор од терените во период од 6 недели откако денеска се остварија тсравовите на клупските лекари по вчерашната повреда на гостувањето кај Барнли. Еден од најстандардните фудбалери во тимот на Клоп оваа сезона, вчера го повреди скочниот зглоб уште во првиот дел на мечот со Барнли кој „црвените“ го добија со 3:1.

Денешните лекарски наоди покажаа дека Гомез има фрактура на коска во глуждот на левата нога и ќе мора да паузира до почетокот на новата година.

21-годишниот Англичанец го напушти теренот за време на синоќешниот натпревар против Барнли, а по натпреварот, Јирген Клоп, го изрази своето незадоволство од грубата игра на ривалот што доведе до повредата на Гомез.

Најново во Меѓународен Фудбал