Старт достоен за историја

Ливерпул со 6 стартни победи за првпат по половина век

објавено: 19 септември 2018 - 13:00

За првпат во повеќе од половина век, Ливерпул постигна шест последователни победи на почетокот на сезоната. Последен пат „црвените" имаа толку опасен старт на сезоната пред 57 години во сезоната 1961/62.

Тогаш генерацијата која го имаше фуриозниот старт во сезоната обезбеди 6 победи едноподруго над екипите на Бристол (2:0), Сандерленд (3:0), Лидс Јунајтед (5:0), Сандерленд (4:1), Норвич (2:1) и Сканторп (2:1), но како член на англиската Втора дивизија. Сега Ливерпул почна со триумфи над Вест Хем (4:0), Кристал Палас (2:0), Брајтон (1:0), Лестер (2:1) и Тотенхем (2:1), а во Лигата на шампионите со синоќешниот триумф над ПСЖ од 3:2.

Во следниот круг од англиската Премиер лига, тимот на Јирген Клоп е домаќин на Саутемптон. Натпреварот е во сабота во 16:00 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал