Еден гол го реши дербито

Лондонското дерби за „чеканите“ (ВИДЕО)

Вест Хем со гол на стартот на второто полувреме ги освои трите бода од големото градско дерби со Арсенал.

објавено: 12 јануари 2019 - 15:27

Во исклучително цврст меч, фудбалерите на Вест Хем и Арсенал не успеаја да ги задоволат желбите на своите фанови, особено со играта во првиот дел. Без големи шанси, и двете мрежи останаа празни. 

За разлика од она што се случуваше во првото полувреме, вториот дел за „чеканите“ почна како што можеа да посакаат. Уште во првата шанса по само 2 минути игра, Рајс успеа да го погоди голот на „топчиите“ и да донесе огромна радост кај домашните фанови. По голот, Арсенал се отвори, создаде неколку шанси, но ниту една не успеа да го загрози вистински голот на Фабиански. 

Вест Хем со оваа победа успеа да им се врати на победите, откако во минатите две кола имаа еден пораз и едно реми. За тимот на Пелегрини ова е деветтиот сезонски триумф кој ги носи на 8. место на премиерлигашката табела. Арсенал, пак, го претрпе петтиот пораз и остана на 5. позиција на табелата.

Најново во Меѓународен Фудбал