НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК

Лудница во Евертон: Златен „пакет“ од Барса, Јери Мина-Андре Гомеш! (Фото)

Англичаните во фото-финиш, денеска последниот ден од преодниот рок, а луѓето од „Гудисон" очигледно ги направија вистинските потези пред започнувањето на новата сезона.

објавено: 9 август 2018 - 20:18

Талентираниот напаѓач Бернард дојде како слободен играч на „Гудисон Парк" после пет години поминати во Шахтјор Доњецк каде што освои три титули. Лани во ЛШ стигна до нокаут-фазата, стрелаше и против Манчестер Сити...

Потоа, го доведоа фудбалерот од средниот ред на Барселона, Андре Гомеш на едно-годишна позајмица (2.25 милиони евра), а погледнете уште едно звучно засилување.

Станува збор за колумбискиот репрезентативец Јери Мина, досегашниот дефанзивец на Барса, кој секако со оглед на својата висина може да придонесе и во нападот, доаѓа во Евертон за 30.25 милиони евра.

Последните информации велат дека Евертон се обидува да го доведе на позајмица и фудбалерот на Челзи, Курт Зума.

Претходно за 50. милиони фунти го доведоа бразилскиот интернационалец Ришарлисон кој претходно имаше одлични настапи за Вотфорд, а уште еден играч дојде од Барса, Лукас Дињ кој потпиша договор до 2023. година.

Најново во Меѓународен Фудбал