„ЃАВОЛСКА“ ПОНУДА СЕ ПОДГОТВУВА

Манчестер е подготвен на лудост, сака да го купи Нејмар

Најтрофејниот англиски клуб може да ја палти клаузулата од 200 милиони евра за ѕвездата на Барселона

објавено: 27 март 2017 - 10:52

Манчестер Јунајтед е подготвен да направи неверојатен трансфер и ќе се обиде да го купи Нејмар од Барселона. Според шпанскиот „спорт.ес“, Жозе Мурињо ја започнал мисијата за доведување на Бразилецот на „Олд Трафорд“. 

Нејмар неодамна го продолжи договорот со Барселона, а откупната клаузула му е 200 милиони евра. Доколку тоа се случи, капитенот на бразилската репрезентација, речиси за двојно ќе го надмине светскиот рекорд за трансфер на еден играч, кој минатото лето го постави Пол Погба. 

Манчестер ќе му поонуди на играчот плата од 25 милиони евра по сезона, а плус на тој начин Нејмар ќе добие шанса конечно да излезе од сенката на Лионел Меси, кој со години е најдобар играч на каталонскиот гигант. 

Најново во Меѓународен Фудбал