НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

Манчестер Јунајтед е за греота, Челзи шокиран дома

„Црвените ѓаволи“ одиграа без голови против Вест Бромвич Албион, а Челзи беше поразен од Кристал Палас во Лондон

објавено: 1 април 2017 - 17:57

Манчестер јунајтед продолжува со слабите игри и резултати во англиското првенство. Најтрофејниот англиски тим овојпат одигра без погодоци на „Олд Трафорд“ против Вест Бромвич Албион. Уште пред средбата, тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо нагласуваше дека ќе биде тешко да се стигне до победа, бидејќи недостасуваат неколку стандардни играчи, но и тоа не смее да биде оправдување, кога „црвените ѓаволи“ играат на свој терен. 

Манчестер сега е се подалеку и од трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Лидерот Челзи беше непријатно изненаден пред своите навивачи и загуби од Кристал Палас со 2:1. Фаворитот поведе на свој терен со голот на Фабрегас во 5 минута. Сепак, само шест минути подоцна, на семафорот беше 1:2, откако Кристал Палас даде два гола преку Заха и Бентеке. На крајот се покажа дека возбудувањата од првите 11 минути беа и клучни за триумф на гостите. 

Резултати: Барнли - Тотенхем 0:2, Челзи - Кристал Палас 1:2, Хал - Вест хем 2:1, Лестер - Стоук 2:0, Манчестер Ј. - ВБА 0:0, Вотфорд - Сандерленд 1:0. 

Табела: Челзи 69 бодови, Тотенхем 62, Ливерпул 59, Манчестер С. 57, Манчестер Ј. 53, Арсенал 50, Евертон 50...

Најново во Меѓународен Фудбал