Еден од фаворитите за титулата тргна сигурно

Манчестер сити не се шегува, Брајтон се врати во Премиерлигата со пораз

Со головите на Кун Агуеро и автоголот на Луис Данк, Манчестер сити ја забележа првата победа во новото издание на Премиерлигата, против Брајтон

објавено: 12 август 2017 - 20:30

Со головите на Кун Агуеро и автоголот на Луис Данк, Манчестер сити ја забележа првата победа во новото издание на Премиерлигата, против Брајтон.

Агуеро ја казни грешката на Дејл Стивенс и ја искористи одличната асистенција на Давид Силва за да ја начне мрежата на домаќинот, а Данк со авотогол само стави печат на победата на гостите. Брајтон се врати во Премиерлигата по цели 33 години, но стартот е со пораз.

Најново во Меѓународен Фудбал