Проблеми за Клоп пред дуелот со Хадерсфилд

Мане скрши прст на левата рака

Голгетерот на Сенегал заработил повреда за време на тренинг на националниот тим и ќе го пропушти мечот против Судан.

објавено: 16 октомври 2018 - 13:27

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане заработил скршеница на палецот на левата рака за време на тренинзите на репрезентацијата на Сенегал. 26-годишниот фудбалер ќе го пропушти натпреварот против Судан во квалификациите за Купот на африкански нации, а се уште не се знае дали ќе може да му помогне на Ливерпул на саботниот меч со Хадерсфилд во Премиер лигата.

Од „Енфилд“ засега нема коментар за повредата на Мане, но јасно е дека се чека тој да се врати во клупската база па да помине нови прегледи.

Двајца други клучни играчи во тимот на Јирген Клоп, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, исто така, имаа повреди заработени за време на репрезентативните настапи, но информациите велат дека и двајцата подготвени ќе го дочекаат новиот премиерлигашки меч. Во тимот се враќа и исклусниот Џејмс Милнер.

Најново во Меѓународен Фудбал