Сефте триумф на Ливерпул

Мане стрела без маана за Ливерпул

Садио Мане со прецизен удар во второто полувреме против Кристал Палас му ја донесе првата победа на Ливерпул во новата сеозна во Англија

 

објавено: 19 август 2017 - 17:57

Садио Мане со прецизен удар во второто полувреме против Кристал Палас му ја донесе првата победа на Ливерпул во новата сеозна во Англија. Домаќините се мачеа да ја отворат портата на Кристал Палас и тоа им успеа со многу среќа во 73. минута. Во вистински карамбол топката стаса до Мане, а напаѓачот на Ливерпул беше прецизен.

Вистинска драма и гол на Чарли Остин од пенал му донесе победа на Саутемптон против Вест Хем. Светците водеа со 2:0 и имаа играч повеќе по исклучувањето на Арнаутовиќ, но Вест хем не се предаде и израмни на 2:2. Сепак со десетмина не издржаа гостите и примија гол во 92. минута од пенал и претрпеа пораз од 2:3.

Лестер и Ватфорд славеа со 2:0 против Брајтон, односно Борнмут, а ВБА го победи Барн,ли со 1:0 на гостински терен.

Најново во Меѓународен Фудбал