АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛЕР РАСКАЖУВА ЗА ДРАМАТИЧНИТЕ МОМЕНТИ

Мејсон: Имам 14 плочки и 28 шрафови во главата

Рајан Мејсон е поранешен фудбалер на Хал кој мораше да се откаже од фудбалот на 27 години. Причината е тешката повреда во февруари минатата година кога се судрија со главите со Гери Кејхил од Челси

објавено: 27 септември 2018 - 21:00

Мејсон го извлече подебелиот крај затоа што му беше пукнат черепот и веднаш беше опериран па не е во можност повеќе да игра фудбал.

Тоа беше корнер, топката леташе, скокнав да ја удрам со глава но добив силен удар над увото. Уф, каква само болка беше тоа. Луѓето велат дека не се сеќавам, но јас добро се сеќавам на целата ситуација. Се сеќавам како докторите трчаа, ми ја проверуваа главата се договараа што да прават. Болката беше неподнослива. Чувствував како бомба да ми експлодирала во главата", зборува Мејсон во интервјуто за британскиот магазин „Фор фор ту".

ДОКТОРИТЕ ИНСИСТИРАЛЕ ДА БИДЕ ОПЕРИРАН ВО СЕН МЕРИЗ
Мејсон им благодари на докторите за нивната добра проценка да го испратат во вистинската болница во Лондон.

Таа нивна одлука ми го спаси животот. Сватија дека черепот ми е пукнат и дека можеби имам повреди на мозокот бидејќи не ја чувствував десната страна на моето лице. Возачот на амбулантното возило сакаше да ме однесе во најблиската болница, но доктор Марк Валер инсистираше да ме однесе во Сен Мериз каде има добра апаратура иако знаеше дека ризикува губење на драгоцено време. Поминавме две болници но стигнавме во Сен Мериз. Кој знае што ќе се случеше ако ме однесеа во друга болница. 61 минута по повредата легнав на операционата маса. Потоа ме пренесоа во приватна соба затоа што не можев да поднесам никаков звук. Дури и најмалиот звук го чувствував како да ми удираат во главата ", се присетува фудбалерот.

Рехабилитацијата беше долга и мачна. Спиев 20 до 22 часа на ден, потоа ме будеа да ми направат тестови на крвта и да ми измерат притисок. Поголем дел од времето спиев... Знаев дека имам метални плочки во главата, но шест месеци подоцна докториме ми објаснија што всушност ми направиле. Да ми кажаа веднаш не знам дали ќе го поднесев тоа", зборува Мејсон кој продолжува:
„Значи, на черепот имам 14 метални плочки и 28 шрафови кои ги држат тие плочки. Дури 45 шевови ја држат затворена дупката во главата. Верувајте, не е пријатно да добиеш еден таков, а не пак 45...".


САКАЛ ДА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНИТЕ, НО...

Англискиот фудбалер дури сакал да му се врати на фудбалот, но докторите не му дозволиле.

Ми рекоа дека ако повторно удрам топка со глава ризикувам деменција или епилепсија до 29-тата година. На крајот се откажав од играњето на фудбал. Среќен сум. Среќен сум што сум жив", вели Мејсон кој сега работи како тренер во детските категории на Тотенхем, во клубот во кој ја почна кариерата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал