ЖОЗЕ МУРИЊО МОЖЕ ДА Е ЗАДОВОЛЕН

Моќен старт на Јунајтед

Манчестер јунајтед стигна до убедлива 4:0 победа над Вест Хем во првото коло од Премиерлигата, покажувајќи дека тимот на Жозе Мурињо е подготвен за борба за титулата

објавено: 13 август 2017 - 18:59

Ромелу Лукаку постигна два гола во премиерлигашкото деби за Јунајтед за да обезбеди висока предност, која во финишот на натпреварот Антони Марсијал и Пол Погба додадоа по уште еден гол за импресивна победа.

Претходно, Тотенхем им „посака добредојде“ на Њукасл во Премиерлигата со гостинска победа од 2:0, обезбедена со два гола во второто полувреме.

МАНЧЕСТЕР Ј. - ВЕСТ ХЕМ 4:0

Лукаку 33’, 52’, Марсијал 87’, Погба 90’

ЊУКАСЛ - ТОТЕНХЕМ 0:2

Али 61’, Дејвис 70’

Најново во Меѓународен Фудбал