ДОМАЌИНОТ СЕ РАДУВАШЕ НА „СТЕМФОРД БРИЏ“

Мората „полета“ и на Челзи му донесе три бода против Манчестер (Видео)

Еден гол беше доволен за лондонскиот тим да стигне до триумф

објавено: 5 ноември 2017 - 19:31

Челзи стигна до трите бода во дербито против Манчестер Јунајтед. еден гол беше доволен за победа на домаќинот и радост на навивачите на „Стемфорд бриџ“.

Алваро Мората погоди со глава во 55 минута, по нафрлувањето на Аспиликуета.

Челзи со овој триумф стигна до 22 бодови, додека Манчестер остана на 23 бодови и сега заостанува дури осум зад лидерот Сити.

Во вториот меч кој се играше во исто време, Евертон со пресврт славеше против Вотфорд со 3:2. Сите пет голови беа постигнати во второто полувреме, а гостите иако имаа предност од 2:0, на крајот загубија. 

Најново во Меѓународен Фудбал