Мхитаријан конечно ќе добие шанса

Мурињо како Гвардиола: Враќа играч од „мртвите“

Манчестер Јунајтед оваа сезона не ги бележи посакуваните резултати, а фановите од Жозе Мурињо побараа да направи промени во тимот.

објавено: 22 ноември 2016 - 13:35

„Црвените ѓаволи" викендов одиграа нерешено против Арсенал и повторно останаа без три бода на „Олд Трафорд". Фановите на Јунајтед очекуваат промени, а Жозе Мурињо најверојатно ќе ги послуша.

Португалецот би можел да го земе примерот на Пеп Гвардиола, кој одлучи во тимот да го врати отпишаниот Јаја Туре. Играчот за врска му врати на најдобар можен начин, со два гола му донесе радост на Сити.

Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо би можел да ја искористи истата тактика и конечно шанса да му даде на Мхитаријан, кој во последно време натпреварите ги следи од клупата.

Фановите на Јунајтед веруваат дека некогашниот фудбалер на Дортмунд може да го донесе посакуваните промени...

Најново во Меѓународен Фудбал