СЕ È ДОГОВОРЕНО, КОЛУМБИЕЦОТ ДОАЃА ВО ЈУНАЈТЕД

Мурињо ќе ја испразни „касата“ за ѕвездата на Реал

По трансферот од Монако, Џејмс Родригез требаше да биде една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид. Според колумбиските медиуми, еден од најдобрите фудбалери од СП 2014 година е пред преселба во Јунајтед.

објавено: 13 мај 2017 - 09:15

По трансферот од Монако, Џејмс Родригез требаше да биде една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид. Според колумбиските медиуми, еден од најдобрите фудбалери од СП 2014 година е пред преселба во Јунајтед.

Колумбиското радио „РСН" открива дека се ближи доаѓањето на Родригез на „Олд Трафорд", во прашање е само време кога оваа вест ќе стане официјална. Фудбалерот на Реал беше поврзуван и со Баерн Минхен.

 

Џејмс е на првото место на листата на желби на Јунајтед, кој ова лето е подготвен да потроши стотина милиони евра. Трансферот на Гризман најверојатно е готова работа, а лесно може да се случи и Колумбиецот да дојде на „Олд трафорд".

Јунјатед веќе му го понудил и дресот на Руни со број 10, кој ќе продолжи во Кина. Реал за Џејмс потроши голема сума на пари, околу 80 милиони евра, а неговата вредност во момнтов е проценета на 50 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал