НЕМА ДА БИДЕ НА КЛУПАТА НА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“

Мурињо нема да го води Манчестер Јунајтед!!!

Португалскиот менаџер нема да седи на клупата на Јунајтед на дерби дуелот против својот поранешен клуб Челзи. Ова е дерби кое што е закажано на распоредот следната сабота (20. октомври) со почеток од 13:30 часот на „Стемфорд Бриџ".

објавено: 17 октомври 2018 - 10:30

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Жозе Мурињо поради користење на непримерен речник на натпреварот со Њукасл во кој неговиот тим после пресврт славеше со 3:2.

Португалецот наводно во моментите кога неговиот тим имаше негатива од 2:0 ги загуби нервите и на португалски јазик користеше пцовки. А вакви работи, како што е веќе познато, во Премиерлигата не се толерираат.

Моментно на табелата Челзи е на второто место со 20 бодови, колку и лидерот Манчестер Сити, додека Јунајтед е на осмата позиција со 13 бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал