ПОРТУГАЛЕЦОТ ВЕЌЕ МИСЛИ НА ЈАНУАРСКИОТ ПРЕОДЕН РОК

Мурињо носи играч од Челзи

Тренерот на Манчестер Јунајтед сака да ја искористи малата минутажа на Вилијан во лондонскиот тим 

објавено: 25 ноември 2016 - 11:20

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо најави офанзива во зимскиот преоден рок. Португалскиот стратег сака да доведе најмалку еден квалитетен играч, кој треба да ја подобри играта на „црвените ѓаволи“. Според најавите, пикот е фрлен на фудбалер од Челзи.

Вилијан кој игра како играч за врска беше еден од омилените играчи на Мурињо, кога тренерот беше на клупата на Челзи. Сега Бразилецот е маргинализиран во лондонскиот тим. Антонио Конте реши да игра во формација 3-4-3, што значеше оставање на Вилијан на клупата за резерви.

Бразилецот во минатата сезона беше еден од најдобрите во тимот и затоа летово потпиша нов четиригодишен договор за останување на „Стемфорд Бриџ“. Сепак ако продолжи да ја грее клупата за резерви, многу лесно може да се случи во јануари да направи трансфер во Манчестер Јунајтед.   

Најново во Меѓународен Фудбал