ЖЕШКОТО ВРЕМЕ ПРИЧИНА ЗА МИНИМАЛНИОТ ТРИУМФ

Мурињо: Последен пат сонце видовме во Македонија

Манчестер Јунатед на дуелот против Саутемптон не воодушеви со својата игра. „Црвените ѓаволи“ славеа со 1-0, а Жозе Мурињо повторно си најде оправдување за слабото издание.  

објавено: 24 септември 2017 - 13:36

Манчестер Јунатед на дуелот против Саутемптон не воодушеви со својата игра. „Црвените ѓаволи" славеа со 1-0, а Жозе Мурињо повторно си најде оправдување за слабото издание. Португалецот го обвини топлото време, на официјалната прес-конференција изјави дека последен пат на неговите фудбалери виделе сонце во Македонија. 

„Времето беше прекрасно, но сонцето ги изненади фудбалерите. Дури и кога тренираме во 12 или 15 часот во Манчестер, никогаш немаме вакво време. Последен пат вакво време имавме во Лос Анџелес, па потоа во Македонија", се оправда Мурињо. 

Најново во Меѓународен Фудбал