Важни три бода за тимот од „Енфилд“

НА ЧЕКОР ОД ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Ливерпул испорача „четворка“ за Вест Хем (ВИДЕО)

Момците на Јирген Клоп одиграа одличен натпревар и со новите три бода, овој пат освоени во Лондон е на чекор да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите

објавено: 14 мај 2017 - 17:19

Ливерпул е на чекор да обезбеди настап во главната фаза од Лигата на шампионите во наредната сезона. „Црвените" од Енфилд остварија важна победа од 0:4 на гостувањето кај Вест Хем во рамките на 36. коло од Премиер лигата.

Даниел Стариџ во 35. минута го најави триумфот, додека, Кутињо со двојна брза стрелба (57', 61') направи недостижна предност за Ливерпул. Печат на победата стави Дивок Ориги.
Со оваа победа, Ливерпул стигна до 73. бод и се врати на третата позиција, на која накратко беше Манчестер сити.

Оваа победа е важна бидејќи тимот на Клоп, кој има уште еден меч до крајотима четири бода повеќе во однос на четвртопласираниот Арсенал.

Најново во Меѓународен Фудбал