ЈУНАЈТЕД ИМА ДРУГИ ПРИОРИТЕТИ

На „Олд Трафорд“ имале добра причина за разделба со Ибрахимовиќ

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ имаше одлично деби во дресот на ЛА Галакси постигна два гола во дербито против Лос Анџелес.

објавено: 3 април 2018 - 09:30

Златан Ибрахимовиќ минатата недела потпиша за ЛА Галакси откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во САД. По одличното деби голем број од навивачите порачаа дека жалат што Ибра го напуштил клубот.

Но, според пишувањата на англиските медиуми челнците на Манчестер Јунајтед имале друг приоритет и токму затоа му дозволиле на шведскиот напаѓач да замине од „Олд Трафорд". „Црвените ѓаволи" сакаат да го задржат Давид де Хеа за кого се шпекулира дека до крајот на сезоната може да го напушти клубот и да замине во редовите на Реал Мадрид или ПСЖ. Челниците на Јунајтед се свесни дека на шпанскиот голман ќе мора да му понудат нов и тоа далеку подобар договор. Со заминувањето на Ибрахимовиќ на располагање имаат неколку дополнителни милиони, кои ќе бидат доволни за да го задржат Де Хеа.

Најново во Меѓународен Фудбал