Не успеа да стаса до бројот 33

На се има крај - Габриел Жезус не е веќе уникат во Премиерлигата

На секоја серија некогаш и доаѓа крај, а точка на блескавата низа од 32 меча без пораз во Премиерлигата и стави Габриел Жезус. На претходните 32 натпревари Бразилецот немаше пораз, но во градското дерби со Манчестер јунајтед за првпат ја почуствува и горчината на неуспехот

објавено: 8 април 2018 - 16:05

На секоја серија некогаш и доаѓа крај, а точка на блескавата низа од 32 меча без пораз во Премиерлигата и стави Габриел Жезус. На претходните 32 натпревари Бразилецот немаше пораз, но во градското дерби со Манчестер јунајтед за првпат ја почуствува и горчината на неуспехот.

Жезус до градското дерби беше фудбалерот со најдолга активна серија без неуспех во натпреварите од најсилната англиска лига, а против Манчестер јунајтед влезе во игра во 72. минута и го доживеа првиот пораз.

До вчерашниот меч бразилскиот напаѓач на Манчестер сити одигра 32 меча без пораз, на кои постигна 16 голови. Јунајтед со чудесен пресврт од 0:2 стаса до победа од 3:2.

Најново во Меѓународен Фудбал