Шефовите на Јунајтед на состанок со Норвежанецот

На Соскјер му кажале дека останува во Манчестер Ј. и следната сезона

По победата над Фулам, Солскјер бил на состанок со еден од првите луѓе на клубот, Аврам Глејзер.

објавено: 11 февруари 2019 - 09:45

Оле Гунар Солскјер ќе остане на кормилото на Манчестер Јунајтед и по завршувањето на сезоната, тврди весникот „Сан".

Според информациите на весникот, стратегот имал разговор со еден од шефовите на "црвените ѓаволи", Аврам Глејзер, на кој бил информиран дека ќе му се довери кормилото на тимот на подолг период. Според информациите, средбата се одржала по последниот триумф над Фулам викендов.

Очекувањата се сепак официјалното преставување на новиот договор на Норвежанецот да биде објавен дури кон крајот на сезоната. Солскјер го замени Жозе Мурињо, го стабилизираше тимот, а под негово водство Манчестер нареди 10 победи во 11 натпревари.

Најново во Меѓународен Фудбал