АНГЛИСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА СО НЕОБИЧНО БАРАЊЕ

Најголема опасност за англискиот фудбал се руските хакери?

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) прати писмо до ФИФА изразувајќи ја својата загриженост за проблемите со хакерите во спортот, тврди британскиот „Телеграф"

објавено: 12 септември 2017 - 20:30
Ова доаѓа откако руската хакерска група „Фенси беарс“ минатиот месец ги објавија медицинските досиеја на повеќе фудбалери кои користеле недозволени средства со медицинска дозвола, вклучувајќи ги Карлос Тевез, Дирк Кујт и Габриел Хајнце.
ФА се плаши дека сличен инцидент следното лето може да донесе до крадење на важни тактички информации од компјутерите на англискиот тим. Тие веќе одлучија да се забрани користење на слободни Ви-фи мрежи, додека англиските фудбалери ќе добиваат препораки за користење на социјалните мрежи по хакирањето на акаунтот на Реал Мадрид и Барселона.
 

Најново во Меѓународен Фудбал