ТАКА СЕ САКА КЛУБОТ

Навивачите ја платија казната на тренерот, тој се расплака (Видео)

Менаџерот Џим Бентли беше казнет со два меча суспензија и парична казна од 1.000 фунти поради исклучување. Навивачите на Морекомб покажаа колку го сакаат клубот и го почитуваат тренерот, па веднаш собраа пари и ја платија паричната казна

објавено: 9 јануари 2017 - 18:28

Навивачите на Морекомб го расплакаа тренерот Џим Бентли со потегот кој го направија. Бентли беше суспендиран на два меча поради исклучувањето на дуелот против Челтенам на 17 декември. Освен суспензијата, менаџерот беше казнет и со 1.000 фунти.

Клубот моментално е во тешка финансиска состојба, па тренерот мораше сам да си ја плати казната. Сепак по средбата против Нотс Каунти (победа од 4:1), Бентли беше пријатно изненаден. Навивачите на Морекомб ги собрале потребните 1.000 фунти и му ги дадоа на тренерот, за да ја плати казната.

„Џим, знаеме дека беше казнет со 1.000 фунти поради исклучувањето и дека парите требаше да ги дадеш од својот џеб. Затоа навивачите решија да одвојат од својот џеб и собраа пари за да ја платат твојата казна. Ние се грижиме за тебе и за клубот и стоиме рамо до рамо со вас“, рече навивачот кој му ги даде собраните пари на тренерот.

Менаџерот беше пријатно изненаден од овој потег на навивачите и на крајот не успеа да ги задржи солзите. едноставно навивачите на Морекомб покажаа што значи љубов кон клубот. 

Најново во Меѓународен Фудбал